Фудбалерите на Пари Сент Жермен и оваа сезона ќе играат во големото финале на Лигата на шампионите. Вечерва во реванш полуфиналниот дуел со Баерн во Минхен, францускиот гигант се избори за реми 1:1 со што успеа да ја задржи предноста од првиот домашен меч и го потврди своето место во финалето во Будимпешта.
Одличната игра на ПСЖ даде резултат уште во 3. минута на натпреварот откако Дембеле успеа да ја погоди мрежата на Нојер и да направи два гола предност за ПСЖ во вкупната пресметка со Германците. Баерн имаше повеќе од поседот, направи и неколку шанси, но до полувреме не успеа да погоди.
Ништо подобро не беше и во вториот дел. И двајцата тренери направија по неколку ротации во составите, но Баерн имаше само јалова иницијатива и поголем посед на топката, се до судиското продолжени. Одбраната на ПСЖ функционираше беспрекорно, но Баерн успеа во четвртата минута од продолжението да погоди преку Кејн и да израмни на 1:1. Задоцнетиот погодок на Англичанецот не им остави многу шанси на домашните, затоа што ПСЖ не дозволи во послендите 60 секунди да се случи чудо.
ПСЖ против Арсенал ќе има шанса да ја одбрани европската круна во големото финале на 30 мај.

