По сите оние настани вчера, вечерва се играат уште четири средби во Лигата на Шампионите. Тоа се први мечеви од нокаут – фазата во плеј – офот на најквалитетното европско клупско натпреварување.
Од двојките се гледа дека нема спектакл или супер – дерби, ама јасно е дека ќе биде супер интересно, како и секогаш кога Лигата на Шампионите е во прашање.
Интер гостува во студената Норвешка кај Бодо/Глимт. Тоа е тим кој беше најголема сензација во лигашката фаза со пласманот во плеј – офот. Дали Норвежаните ќе имаат сила за уште една сензација, останува да се види. Да се потсетиме дека Бодо/Глимт на свој терен забележа победа и над Манчестер Сити.
Карабах го пречекува Њукалс, и тука гостите се фаворити, но рековме, ова е Лига на Шампионите и се е можно. Атлетико Мадри како гостин ќе ги одмери силите со Клуб Бриж во Белгија, а грчкиот гигант Олимпијакос пред своите фанови го дочекува Баер Леверкузен.

