ЛН: Косово и Израел одиграа без голови во Приштина

14.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛН: Косово и Израел одиграа без голови во Приштина
фото: Telegrafi Sport @TelegrafiSport (X)

Фудбалската репрезентација на Косово одигра 0:0 во Приштина против Израел во дуелот од петтото коло во Лигата на нации. Во Приштина немаше голови, а домашната селекција од 66. минута играше со фудбалер помалку, откако Велдин Хоџа доби црвен картон.

Косоварите имаа неколку добри можности во првото полувреме. Најактивен во нападот беше Едон Жегрова, кој трипати се закани кон противничкиот гол, а обид имаше и Милот Рашица. Сепак, мрежите мируваа и по исклучувањето на Хоџа, па двете селекции мораа да се задоволат со по еден бод.

Косово со 6 бода останува на 2. место во групата, веднаш зад Австрија која е лидер со 8 бода и натпревар помалку.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата