ЛН: Белгија ја демолира Италија, Хрватите избегна директно испаѓање од Лига А

15.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛН: Белгија ја демолира Италија, Хрватите избегна директно испаѓање од Лига А

Фудбалската репрезентација на Белгија приреди вистинска фудбалска демонстрација и ја совлада Италија со убедливи 4:1 во последното коло од групната фаза во Лигата на нации. Белгијците на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел направија целосен пресврт, откако гостите први поведоа. Италија поведе уште во 11. минута преку Франческо Пио Еспозито, кој ја искористи одличната акција на Лука Колеошо и ја затресе мрежата на домаќините. Одговорот на Белгија беше експресен. Само четири минути подоцна, Кевин Де Брујне со одлична топка го проигра Максим Де Кајпер, кој израмни на 1:1. Пресвртот беше комплетиран во 22. минута. По интервенцијата на Џанлуиџи Донарума, Нејтан Нгој беше најснаодлив во шеснаесетникот и ја испрати одбиената топка во мрежата за 2:1. Само четири минути подоцна следуваше нов удар за Италијанците. Жереми Доку со извонредна индивидуална акција ја надмудри одбраната на гостите и зголеми на 3:1. Конечните 4:1 ги постави Диего Мореира во 80. минута, за голема радост на белгиските навивачи и убедлив триумф на домашната селекција.

Франција со победа од 2:1 против Турција ја заврши групната фаза во Лигата на нации на првото место пред Белгија. „Триколорите“ до трите бода стигнаа по подобра игра во второто полувреме, откако на паузата мрежите мируваа. Французите поведоа во 49. минута со автоголот на Емир Топчу, кој несреќно ја затресе сопствената мрежа. Турците се обидоа брзо да одговорат, а Арда Ѓулер постигна гол во 53. минута, но тој беше поништен поради офсајд. Конечната неизвесност околу победникот ја намали младиот Ели Жуниор Крупи, кој во 80. минута погоди за 2:0 по асистенција на Ријад Черки. Турција сепак не се предаде и успеа да го ублажи поразот со погодок во самиот финиш, за конечни 2:1.

Хрватска со 2:1 против Чешка во Осиек ја заврши групната фаза во Лигата на нации. „Коцкестите“ доминираа во најголемиот дел од натпреварот, создадоа многу шанси, но дури во финишот успеаја да го осигураат триумфот. Хрватска поведе уште во втората минута. Матео Ковачиќ одлично ја повлече топката, Дион Дрена Белјо асистираше, а Иван Перишиќ со прецизен удар го совлада чешкиот голман за 1:0. Во продолжението домаќините имаа целосна контрола, но пропуштија неколку изгледни можности. Особено се истакна Белјо, кој неколкупати не успеа да ги искористи добрите ситуации пред противничкиот гол. Кога се чинеше дека Хрватска рутински ќе ја приведе средбата кон крајот, следуваше шок во 84. минута. Адам Хложек ја искористи шансата и израмни на 1:1. Сепак, радоста на Чесите траеше само три минути. Резервистот Ловро Мајер, по асистенцијата на Лука Вушковиќ, во 87. минута го постигна победничкиот гол за конечни 2:1. Со овој триумф Хрватска сигурно го избегна последното место во групата и директното испаѓање, а заврши на третата позиција.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата