Досегашниот прв оперативец на тимот на Ливерпул, спортскиот директор Ричард Хјуз го напушта легендарниот премиерлигаш и заминува да ги води фудбалските активности во тимот на Ал Хилал.
Хјуз не се задржа премногу на позицијата во Луверпул која што ја завзема по трансферот од Борбмут во 2024 година, а требаше да остане до 2027 до кога што имаше активен договор.
Ваквиот развој на настаните беше најавуван извесен период, но Хјуз според англиската јавност бил доволно фер кон Ливерпул и останал до крајот на летниов преоден рок.
Еден од неговите последните сериозни дилови летово беше доведувањето на Баркола од ПСЖ.
Сепак, со оглед на разочарувачката сезона која што Ливерпул ја имаше минатата година, многу веројатно е дека и самиот клуб се решава од него, отколку што Хјуз реално заминува поради подобри услови на Блискиот Исток.

