Ливерпул доведе млад и талентиран французин

4.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот на Брест.

Се работи за еден од најперспективните млади играчи во Франција, за кого се интересираа поголемиот дел од европските гиганти. Сепак, Луверпул беше најконкретен во понудата, и тој пристигнува на Енфилд најверојатно во следниот преоден рок.

За првиот тим на Сент Етјен има одиграно само 13 мечеви и постигна и еден гол.

Нгесан беше дел од У20 последниот Мундијал, за репрезентацијата на Франција.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата