Лил ја „замолкна“ „Маракана“: Ц. Звезда елиминирана по продолженија (ВИДЕО)

26.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лил ја „замолкна“ „Маракана“: Ц. Звезда елиминирана по продолженија (ВИДЕО)
фото: LOSC @losclive (X)

Црвена Звезда не успеа да го мине плеј-офот во Лигата на Европа. Вечерва по продолженија, екипата на Лил славеше со 2:0 на „Маракана“ и со тоа успеа да ја надомести негативата од првиот натпревар на домашен терен, кој белграѓани го добија со 1:0.

Лил пред 46.477 гледачи успеа да го елиминира тимот на Дејан Станковиќ со головите на Жиру во петтата и на Нгој во 99-тата минута.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата