Лига на Нации: Непобедливата Шпанија на мегдан со Хрватска, Англија на гости во Прага (ФОТО)

29.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лига на Нации: Непобедливата Шпанија на мегдан со Хрватска, Англија на гости во Прага (ФОТО)
ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/

И вечерва ќе има и тоа како возбудувања во Лигата на Нации каде ќе се играат 10 меча од 2.коло. Секако дека за нас најинтересно ќе биде што ќе се случува во Љубљана каде и гостуваме на Словенија.

Во А Лигата на Нации супер – дуел меѓу Шпанија и Хрватска и тоа во Севиља. Светскиот и европски првак, составот на Шпанија ќе сака да ја продолжи серијата од 39 меча без пораз и вечерва, а Хрватите под водство на Славен Билиќ си имаат свои сметки.

Во вториот меч од оваа група Англија гостува во Прага каде ќе ги одмери силите со Чешка.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки од вечерашната програма:

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

А ЛИГА НА НАЦИИ – 20.45 Ч

Чешка – Англија

Шпанија – Хрватска

Б ЛИГА НА НАЦИИ – 20.45 Ч

Словенија – Македонија

Шкотска – Швајцарија

Ц ЛИГА НА НАЦИИ

Финска – Белорусија (18 ч)

Молдавија – Ф.Острови (18 ч)

Бугарија – Естонија (20.45 ч)

Сан Марино – Албанија (20.45 ч)

Луксембург – Исланд (20.45 ч)

Словака – Казахстан (20.45 ч)


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата