По натпреварот, фудбалерите на Јунајтед направија почесен круг околу теренот за да ги поздрават навивачите, кои во тој момент го скандираа името на тренерот Мајкл Карик и му даваа поддршка и покрај лошите резултати. Сепак, ваквиот потег им пречеше на поранешните играчи на Јунајтед, Пол Сколс и Гери Невил, кои сметаат дека тимот нема причина за таков гест со оглед на ситуацијата во која се наоѓа.
„Една работа мора да ја направат – да престанат со овие почесни кругови по натпреварите. Кој ѓавол? Играат толку лошо. Не мислам само на Мајкл, туку и на целиот тим. Тоа е срамно. Такви работи треба да прават по последниот натпревар во сезоната. Жал ми е за нив“, изјави Сколс во емисијата „The Good, The Bad and The Football“.
Неговиот поранешен соиграч Ники Бат се согласи со критиките.
„Тоа ужасно ме нервира“, порача тој, а подоцна за NBC Sports додаде:
„Мора да им се восхитувате на нивната упорност, не се откажуваа. Грешките во одбраната беа шокантни и наскоро ќе разговараме за тоа. Но, тој круг околу теренот…
Одиграв 602 натпревари за Манчестер Јунајтед и секогаш по средбите им изразував благодарност на навивачите. Но, ова што го прават сега – шетаат околу теренот по поразот од Борнмут и домашното реми 4:4 против Астон Вила – речиси е болно за гледање. Како самите да си нанесуваат емоционална штета.“

