Легендата на Севиља и официјално оди во пензија

19.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Легендата на Севиља и официјално оди во пензија
фото: BeSoccer @besoccer_ES (X)

Аргентинскиот фудбалер Евер Банега и официјално стави крај на професионалната кариера на 38-годишна возраст. Искусниот играч од средниот ред ја потврди одлуката во интервју за ESPN, откако претходно најави дека е 80 проценти сигурен дека ќе се повлече од фудбалот.

Банега беше дециден дека одлуката е конечна и дека нема намера да ја промени дури и доколку добие повик од Лионел Меси за повторно да заиграат заедно, овојпат во Интер Мајами.

„Одлуката е донесена. Со фудбалот е завршено“, порача Аргентинецот, кој објасни дека сака да започне ново поглавје во животот и да им остави простор на помладите фудбалери.

Последниот официјален натпревар го одигра на 4 мај годинава во дресот на Дефенса и Хустисија, а во богатата кариера настапуваше за Бока Јуниорс, Валенсија, Атлетико Мадрид, Интер, Севилја, Њуелс Олд Бојс и Ал Шабаб.

Најголемите клупски успеси ги оствари со Севилја, со која трипати ја освои Лигата на Европа, а со Валенсија го освои Купот на Шпанија. Со репрезентацијата на Аргентина беше светски младински првак во 2007 година и олимписки шампион во Пекинг една година подоцна. За сениорската селекција забележа 65 настапи и шест голови.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата