Многу важна победа за тимот на Лече вечерва. Овој тим кому бодовите му се насушна потреба во моментов за опстанок, победи на гостувањето кај Пиза и сега има какви такви шанси да се спаси сезонава.
Банда беше играчот кој што во 52. минута погоди за 0:1, но само четири минути подоцна Лерис изедначи за домашните.
Сепак, само минута подоцна, повтотно гостинско водство. Чедира реализира на асистенција на Пиероти. До крајот Лече успеа да го сочува водството и да ги однесе сите три бода.
Лече сега има 32. бода и е едно место над цртата која ги означува екипите кои испаѓаат.

