Крај на серијата од десет победи на Реал: Мурињо го прозва судијата, но и самиот себе си!

29.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Крај на серијата од десет победи на Реал: Мурињо го прозва судијата, но и самиот себе си!
Фото: Реал Мадрид/Фејсбук
Жозе Мурињо упати остри критики кон судијата Сесар Сото Градо по поразот на Реал Мадрид од Алавес со 1:2 во саботата на „Сантијаго Бернабеу“.
Португалецот истакна дека Реал не загубил поради судијата, но додаде дека арбитарот сака да ја покажува својата моќ, па дури и се пошегува дека следната сезона ќе го исклучи Тибо Куртоа.

„Мислам дека овој судија сака да ја покажува својата моќ, дека е феномен. Не ми се допадна неговото судење, но натпреварот не го загубивме поради судијата, туку поради самите себе“, изјави Мурињо.

„Пред две сезони го исклучи Мбапе, минатата сезона Винисиус, а оваа сезона Белингам. Следната година на ред ќе биде Куртоа“, додаде Португалецот.

Белингам исклучен поради симулирање

Сото Градо во финишот од натпреварот досуди пенал за Реал по падот на Белингам, но по прегледувањето на ВАР-снимката ја промени одлуката и му го покажа вториот жолт картон на Англичанецот поради симулирање.

„Ја видов ситуацијата за пеналот и ми се чини дискутабилна, но Џуд вели дека имало пенал“, изјави Мурињо.

Португалецот ја презеде одговорноста за поразот.

„Загубивме поради мене, јас сум шефот“, изјави тој, а потоа му честиташе на тренерот на Алавес. Додаде дека гостинскиот тим имал среќа бидејќи судијата бил премногу толерантен кон одолговлекувањето на играта и прекините.

Мурињо застана во одбрана на Бразилецот.

„Винисиус беше како цел тим. Не мислам дека може да се каже дека некој играч беше подобар или полош од другите“, изјави Португалецот.

Со овој пораз Реал Мадрид ја прекина серијата од десет последователни победи и падна на третото место на табелата со 33 бода. Пред него се Барселона со 36 и Атлетико Мадрид со 34 бода.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата