Конте за катастрофата во Ајндховен: Овој пораз не е случаен

22.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Конте за катастрофата во Ајндховен: Овој пораз не е случаен
Фото: Наполи Х

Синоќа тимот на Наполи, за кој секако настапува нашиот Елиф Елмас, доживеа бродолом на гостувањето кај ПСВ Ајндховен во рамките од новото коло во Лигата на  Шампионите. Италијанците доживеаа дебакл од 6:2 во дуел во кој на крајот тимот на Наполи, тотално се распадна и прими недозволиво голем број на голови.

Тренерот Антонио Конте по дуелот имаше доза на критика во изјавата што е нормално.

„Секако дека има разочарување, но ваквите ситуации никогаш не се случајни. Мораме добро да се справиме за да го искористиме максимумот од она што се случи вечерва за да го промениме курсот“, изјави Конте за „Скај Спорт Италија“.

„Минатата сезона го освоивме Скудетото на исклучителен, неверојатен начин, со многу малку играчи, кога сите ги надминаа своите можности. Имавме големо единство и цврстина. Беше неизбежно да играме во Европа со тој составм затоа купивме многу нови играчи. Десетина нови лица во соблекувалната никогаш не е лесна ситуација“ – рече Конте.

„Ова е нивото на Лигата на шампионите. Не можеме да се жалиме. Има многу работа што треба да се направи, но знаеме дека оваа сезона ќе бара вистински напор, па затоа мора да бидеме подготвени да го вложиме тој труд. Ги гледам овие играчи секој ден и кога се обидувам да ги смирам работите, не барам изговори. Тоа е затоа што гледам работи што ми кажуваат дека ова ќе биде комплицирана сезона“, објасни Конте.

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата