Клоп со коментар за Сити: „Не се спремам за нови трофеи со Ливерпул“

1.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Клоп со коментар за Сити: „Не се спремам за нови трофеи со Ливерпул“
ФОТО:.facebook.com/DFBTeamEN/

Познато е што се случува со Манчестер Сити. Познато е и тоа дека ако на Сити му се одземат титулите, најмалку една би му припаднала на Ливерпул. Сепак Јирген Клоп изјави дека не се подготвува за евентуални нови титули во Премиер лигата откако независен панел го прогласи Манчестер Сити за виновен за кршење на финансиските правила.

Обвиненијата против Сити првпат беа поднесени во 2023 година и се однесуваат на финансиски неправилности помеѓу 2009 и 2018 година. Клубот ги негираше сите обвинувања и објави дека ќе се жали на пресудата. Доколку жалбата биде отфрлена, клубот се соочува со строги санкции, вклучувајќи големи казни, одземање бодови или дури и исклучување од Премиер лигата. Една од можните казни е одземање на освоените титули. Ливерпул, предводен од Клоп, со години беше главен ривал на Сити на Гвардиола во англиското првенство и куповите. Германскиот тренер го напушти „Енфилд“ во летото 2024 година. По двегодишна пауза, тој ја презеде германската репрезентација на почетокот на оваа година. Тој моментално го подготвува тимот за вечервашниот натпревар од Лигата на нации против Србија. На прес-конференцијата пред натпреварот, новинарите го прашаа Клоп за неговиот коментар за пресудата и можноста Ливерпул да добие некои од титулите ретроактивно.
„Секако, слушнав за тоа, но не размислував многу за тоа. Можам само да почекам и да видам што ќе се случи. Имам голема почит кон Пеп Гвардиола и стилот на игра на Сити, тие играа фантастичен фудбал и беа одличен противник за нас. Ако има какви било санкции, немам никаква врска со тоа и ќе го чекам исходот“, рече Клоп, додавајќи:

„Апсолутно не се подготвувам за никаква титула. Целосно сум задоволен од она што го постигнавме во Ливерпул. Се боревме напорно на теренот. Не можам да кажам ништо повеќе бидејќи не ги знам деталите и, искрено, не ми е гајле.“
Клоп го предводеше Ливерпул до осум трофеи. Меѓу нив е и титулата најдобар тим во англиското првенство освоена во 2020 година, што беше прва за клубот од 1990 година. Во сезоната 2018/19, тој го водеше и до титулата во Лигата на шампионите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата