Легендарниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф повторно ќе работи како тренер, откако беше назначен за нов шеф на стручниот штаб на бразилскиот Коринтијанс. Педесетгодишниот стратег се враќа на клупата по пауза од седум години, а договорот со бразилскиот клуб го потпиша до крајот на сезоната 2027.
Последниот тренерски ангажман Сидорф го имаше како селектор на Камерун, од август 2018 до јули 2019 година. Претходно ги предводеше Милан, кинескиот Шенжен и шпанскиот Депортиво Ла Коруња.
Сидорф зад себе има блескава играчка кариера, во која освои четири трофеи во Лигата на шампионите – еден со Ајакс, еден со Реал Мадрид и два со Милан. Тој е еден од ретките фудбалери кои најпрестижниот европски клупски трофеј го освоиле со три различни екипи.
Пред Сидорф е сериозен предизвик, бидејќи Коринтијанс се наоѓа само еден бод над зоната за испаѓање во бразилската Серија А.

