КЛ: Гаштаров асистент, но Џани и Лугано славеа, ПАО подобар од Борац БЛ

15.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КЛ: Гаштаров асистент, но Џани и Лугано славеа, ПАО подобар од Борац БЛ

Лугано на нашиот Џани Алиоски славеше победа од 3:2 против Црвена звезда во возбудлив натпревар во кој белградскиот тим водеше, но на крајот остана без бодови.

Швајцарскиот состав поведе во 25. минута преку Албијан Ајети, но Црвена звезда одговори во 32. минута. Македонскиот фудбалер Матеј Гаштаров испрати одлично додавање до Тими Елшник, кој ја погоди мрежата за 1:1.

Црвена звезда успеа да направи пресврт со голот на Круниќ, но Лугано не се предаде и продолжи да напаѓа. Домаќините најдоа начин да го свртат резултатот во своја корист и да стигнат до триумф од 3:2 со голови во последните три минути од регуларниот дел.

Гаштаров го одбележа настапот со асистенцијата за првиот гол на српскиот тим, додека македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски влезе во игра во 79. минута.

Борац од Бања Лука на нашите репрезентативци Шишковски и Ерера загуби со 2:1 на гостувањето кај Панатинаикос во Атина на уште еден наш репрезентативец, Елмин Растодер. Панатинаикос доби два пенала во првите десет минути, но првата можност не ја искористи. Во шестата минута, Младен Јуркас го одбрани ударот на Висенте Таборда од белата точка, по прекршокот на Ерера. Сепак, во 10. минута грчкиот тим доби нов пенал, овојпат по прекршокот на Барт Мајерс над Сирил Десерс. Напаѓачот на Панатинаикос ја презеде одговорноста и во 11. минута погоди за водство од 1:0.

Во второто полувреме домаќините ја зголемија предноста. По акцијата на Сантјагo Андино, Кингс Кангва во 73. минута погоди за 2:0 и се чинеше дека Панатинаикос ќе стигне до сигурен триумф. Но, Борац не се предаде. Во 81. минута, Лука Јуричиќ одлично ја остави топката за искусниот српски играч за врска Милош Јојиќ, кој прецизно реализираше за 2:1 и ја врати неизвесноста во Атина. Растодер влезе во игра во финишот, додека Ерера беше стартер за Борац.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата