КЛ: Елмас и Аталанта поразени кај Ајакс, Борац БЛ со прва радост

22.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КЛ: Елмас и Аталанта поразени кај Ајакс, Борац БЛ со прва радост

Ајакс славеше со 2:0 против Аталанта на Елиф Елмас во второто коло од Конференциската лига, вечерва на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам. Домашните доминираа во голем дел од натпреварот и создадоа повеќе шанси, но Аталанта успеа да остане во игра до самата завршница. Сепак, резервистите Тулу Арокодаре и 16-годишниот талент Абделах Уазане ги постигнаа головите во финишот и му нанесоа прв пораз на италијанскиот тим во Лига фазата. Елмас беше стартер за Аталанта, но беше заменет во 80. минута.

Борац Бања Лука на Ерера и Шишковски славеше со 2:0 против финскиот КуПС. Стефан Савиќ во 29-тата минута постигна гол за водство на домашните, додека печат на триумфот стави Декет во 50. минута.

Голема победа обезбеди и сплитски Хајдук, кој со 0:1 славеше на гостувањето кај Тун.

  •  Ајакс – Аталанта   2-0
  • Монако – Фрајбург  3-0

  • Тун – Хајдук Сплит  0-1

  • Борац Бања Лука – КуПС  2-0

  • Брага – Гент  2-0

  • Мидтијаланд – Сент-Трујден  0-1

  • Орхус – Егнатија  1-1

  • Линколн Ред Импс – Твенте  1-4


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата