Ханси Флик гневен и по тие 4:1 за Барса

26.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ханси Флик гневен и по тие 4:1 за Барса
фото: Barcelona (X)

Барселона победи со 4:1 против Сабах во Баку, но Ханси Флик не беше целосно задоволен по натпреварот. Германскиот стручњак уште еднаш покажа колку тешко го поднесува секој неуспех на својот тим, дури и кога победата е практично веќе обезбедена.
Каталонците имаа предност од четири гола и се чинеше дека натпреварот е одамна решен. Сепак, кога Микелс ја затресе мрежата на Барселона во 63-тата минута, Флик целосно го изгуби трпението.
Камерите ја снимија неговата реакција. Германскиот тренер силно ја шутна топката покрај него, а потоа ја соблече јакната. Неговиот потег ги изненади присутните, особено затоа што температурата во Баку беше под десет степени. За Флик, очигледно, не беше важно што Барселона имаше огромна предност.
Примениот гол беше оценет како непотребен пропуст, а неговата реакција уште еднаш покажа колку инсистира на дисциплина и концентрација во текот на сите 90 минути.
По натпреварот, тој не криеше дека неговиот тим може подобро.
„Можеме да играме подобро, но јас сум задоволен“, рече Флик.
По победата, Барселона стигна до 12 бода и четврто место на табелата во Лигата на шампионите, но германскиот тренер очигледно размислува за деталите што би можеле да го одлучат конечниот пласман.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата