Кејн и Диас за пласман на Баерн во 1/2 финалето во Купот на Германија

11.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кејн и Диас за пласман на Баерн во 1/2 финалето во Купот на Германија
ФОТО: FC Bayern München/FB

Нема дилеми дека Баерн Минхен оди и по титулата во Купот на Германија. Вечерва во меч од 1/4 финалето, на свој терен, најголемиот германски клуб, гордоста на Баварија, успеа со 2:0 да го победи Лајпциг и со тоа да се пласира во полуфиналето во ова натпреварување.

Хари Кејн во 64.минута од пенал а потоа и Луис Диас беа стрелците за тимот на Винсент Компани.

Баерн Минхен пред своите фанови доминираше, имаше повеќе шанси, ама дури последната фаза од оваа средба го скрши отпорот на “биковите“.

Јасно е дека и во Купот на Германија тимот на Баерн Минхен е најголемиот фаворит за пехарот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата