Катастрофа за ПСЖ: Дуе со тешка повреда, со месеци ќе биде во “аут“! (ВИДЕО)

21.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Катастрофа за ПСЖ: Дуе со тешка повреда, со месеци ќе биде во “аут“! (ВИДЕО)
ФОТО:x.com/centregoals

Во меч од 11.коло во Лига 1, ПСЖ како гостин славеше кај Ница со 2:3, но се оди во втор план ако се знае дека Десире Дуе, еден од клучните играчи во 44.минута се здоби со тешка повреда. Па така тој мораше да биде заменет со Феран Торес. Репрезентативецот на Франција на носилки беше изнесен од теренот, а првичните најави се дека станува збор за кинење на лигаментите. Ако е тоа точно, тогаш јасно е дека младиот напаѓач ќе мора со месеци да биде надвор од терените. Веројатно заврши сезоната и за него. 

Да потсетиме дека ПСЖ не може да смета ни на Квича Кварацкелија, кој исто така со месеци ќе биде во “аут“ поради тешка повреда.

Кога сме кај головите, стрелци за победата вечерва кај Ница за ПСЖ беа Малулу, токму Дуе и Феран Торес.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата