Ветеранот Кајл Вокер во следните две години ќе биде дел од тимот на Барнли. Новиот премиерлигаш, кој што се враќа во елитата по успехот во Чемпионшип конкуренцијата, има намера да создаде тим со кој што ќе има шанса за добра сезона, а очигледно дека Вокер е еден од оние за кој се смета дека ќе донесе квалитет.
Вокер веќе има 35 години и беше долго време дел од Манчестер Сити, но за него одамна нема место во тимот таму. Па така, изминатиот период десниот бек беше на позајмица во Милан.
Сити ни ова лето немаше намера да го враќа во составот, а Вокер имаше договор на уште една година. Тоа значеше дека Барнли мораше истата да ја откупи, а се спомнува сума од пет милиони евра.