Екипата на Јувентус по меч со многу возбудувања успеа вечерва да обезбеди пласман во Лигата на Шампионите следната сезона. Со триумф на гостински терен против Венеција од 2:3. Домашните преку Фила поведоа по само 120 секунди, но до полувреме Јилдиз и Коло Муани направи пресврт.
Хапс погодува за 2:2, а Локатели го даде победничкиот гол за Јуве. Па така, Старата дама ги обезбеди потребните бодови за пласман во Лигата на Шампионите, па залудна беше победата на Рома против Торино од 2:0. Лацио пак сам себе се елиминираше со шокантниот пораз на домашен терен од Лече со 0:1.
Од друга страна пак, Лече се спаси со оваа победа, додека пак тоа не го сторија Емполи, Венеција и од поодамна испадната Монца