Иако не е во плановите, Јунајтед сака добро да „ќари“ од Рашфорд

13.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иако не е во плановите, Јунајтед сака добро да „ќари“ од Рашфорд

Манчестер Јунајтед одреди цена за Маркус Рашфорд. Според шпанскиот весник АС, „Црвените ѓаволи“ сакаат 48 милиони евра за напаѓачот.

Иако играчот не е во плановите на менаџерот Рубен Аморим, „Олд Трафорд“ не е подготвен да се раздели од него за помалку, а неговата моментална цена, според „Трансфермаркт“, е 50 милиони евра.

Барселона е сè повеќе склона кон опцијата за купување на Рашфорд, откако се откажа од Нико Вилијамс, а преговорите со Ливерпул за Луис Дијаз се во застој.

Англичанецот, од своја страна, е подготвен да игра за шпанскиот шампион и веќе ги информирал другите заинтересирани клубови дека претпочита да почека понуда од Барселона.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата