И Мбапе се огласи по отказот на Чаби Алонсо, еве што напиша! (ФОТО)

12.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И Мбапе се огласи по отказот на Чаби Алонсо, еве што напиша! (ФОТО)
ФОТО:Real Madrid C.F./FB

Иако имаа мала, но непријатна епизода после вчерашниот пораз од Барса, сепак Килијан Мбапе со бирани зборови се огласи вечерва по отказот на Чаби Алонсо.После два часа откако беше објавено заминувањето на Чаби, Килијан Мбапе објави приказна на Инстаграм, збогувајќи се со шпанскиот стручњак.

Беше кратко, но беше задоволство да играм за тебе и да учам од тебе. Ти благодарам што ми веруваше од првиот ден. Ќе те паметам како менаџер кој имаше јасни идеи и знаеше многу за фудбалот. Среќно во твоето следно поглавје“, напиша францускиот напаѓач на Инстаграм.

Алонсо го презеде Реал во мај 2025 година како наследник на Карло Анчелоти, кој го напушти Мадрид за да ја преземе бразилската репрезентација. Тој потпиша договор до јуни 2028 година и беше пречекан како логичен избор по одличната работа во Германија и стана еден од најбараните тренери во Европа.
Поранешниот шпански играч од средниот ред го водеше тимот во 34 натпревари, остварувајќи 24 победи, четири нерешени и шест порази. Реал го напушти на второто место на табелата во шпанското првенство со 45 бода по 19 кола, четири зад лидерот Барселона. Тие се седми во Лигата на шампионите со 12 бода по шест кола, а во Купот стигнаа до осминафиналето, каде што ќе се соочат со Албасете во среда. Тогаш новиот тренер ќе го има своето деби.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата