Гатузо ги „разбудил“ своите играчи на полувреме со шлаканици

7.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гатузо ги „разбудил“ своите играчи на полувреме со шлаканици
FOTO FOOT MERCATO

Фудбалската репрезентација на Италија дебитираше против Естонија во рамките од тековните Мундијалски квалификации со Џенаро Гатузо како селектор. Контроверзниот тренер секогаш со себе носи и интересни приказни за однесувањето и мотивацијата на неговите играчи, и тоа не изостана и сега.

Алесандро Бастони, еден од репрезентативците на Италија по мечот изјави дека „заспаните“ Азури на полувреме откако одиграа само 0:0 во првиот дел, биле „разбудени“ со неколку шлаканици од страна на селекторот.

„Не е тајна дека бевме „разбудени“ од шлаканиците на тренерот, а јас добив и еден во пределот на вратот  – рече Бастони.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата