Футсал тимот на Динамо играше на Максимир (ВИДЕО)

27.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Футсал тимот на Динамо играше на Максимир (ВИДЕО)

Во рамките од манифестацијата „викенд на Динамо“, денеска во Загреб имаше несекојдневен настан.

Футсал екипата на Динамо Загреб, го пречека својот ривал Истра во рамките од првото коло од овогодинешниот футсал шампионат на Хрватска на отворено небо, и ни помалку ни повеќе туку на легендарниот динамов стадион Максимир.

Специјално поставениот терен под јужната трибина на стадионот обезбеди идеални услови за футсал натпревар.
Од друга страна пак, навивачите на Динамо Загреб, „Бед Блу Бојси“ пристигнаа на овој интересен меч во голем број и направија спектакл.

Резултатот од оваа фешта секако е во втор план, а Истра победи со 1:2.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата