Флик откри како реагирал Јамал по поразот во трката за „Златната топка“

31.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Флик откри како реагирал Јамал по поразот во трката за „Златната топка“

Многумина очекуваа, а и самиот Јамал се надеваше дека престижниот трофеј ќе заврши во неговите раце, но признанието за најдобар фудбалер во Европа, изненадувачки, му припадна на Хари Кејн.

За Јамал тоа не беше добра вечер, какви што имаше многу во неговата млада кариера. Членот на златната генерација светски шампиони имаше големи очекувања, со право се надеваше дека неверојатната година ќе ја круниса и со најпрестижното индивидуално признание. Само тој знае како се чувствувал кога сфатил дека останал со празни раце.

Ваквите моменти знаат да го исфрлат од ритам еден млад фудбалер. Можеби тоа беше удар за Јамал, но очигледно не траеше долго, бидејќи Флик откри дека неговиот најдобар играч реагирал „многу добро“ по сè што се случило.

„Горди сме на Јамал затоа што реагираше навистина добро и гледам дека е фокусиран на тренинзите. Тоа е реакција на шампион. Среќен сум што е на својот пат и што има таков менталитет, што е исклучително важно за целиот тим“, додаде германскиот стратег.

Да потсетиме, Јамал на крајот го освои третото место според бројот на гласови, зад Кејн и Мбапе.

„На крајот, и Хари ја заслужи наградата“, порача Флик.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата