Фламенго ја одбрани титулата во Бразил

22.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фламенго ја одбрани титулата во Бразил

Фудбалерите на Фламенго ја одбранија титулата во бразилското првенство, откако одиграа 1:1 на гостувањето кај директниот конкурент Палмеирас во дербито од 36. коло. Со освоениот бод, тимот од Рио де Жанеиро и математички го обезбеди првото место, на две кола пред крајот на шампионатот.

Фламенго сега има 80 бодови, шест повеќе од Палмеирас, кој и покрај теоретската можност да се израмни по бројот на бодови, има помалку победи и не може да го стигне ривалот.

Во шампионскиот состав на Фламенго настапуваат и Хорхе Караскал, Жоржињо, Саул и Лукас Пакета. За клубот од Рио ова е втора последователна титула во Бразил.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата