Не оди, па не оди. Јасно е дека имаше судиски грешки на дербито на Мадрид, но исто така јасно е дека овој Реал на Жозе Мурињо е очај. Толку мега – ѕвезди во тимот, толкав квалитет ама и “Специјалниот“ не може да ја најде победничката формула, исто како и Чаби Алонсо и Арбелоа пред него.
Реал Мадрид има квалитет, ама нема тим. Нема тимски дух, има ѕвезди кои не играат еден за друг, или за тимот, туку за себе. Погледнете само како се однесува Винисиус и се е јасно. Сепак на оние што добро го познааваат фудбалот, јасно им е дека главен проблем е Килијан Мбапе. Преголемо его, само тој и никој друг, а тоа Вини не може да го трпи и ете ти проблем. Дури сега се гледа каков потег, веројатно потег на кариерата, направи Луис Енрике кога “даде дозвола“ Мбапе да си оди. И оттогаш во тие две сезони ПСЖ двапати ја освои ЛШ, а Мбапе нема ниту еден трофеј со Реал Мадрид.
Вчера искочи еден податок кој кажува најдобро зошто Реал Мадрид е очај.
Имено играчите на овој клуб,во првите седум кола сезонава во Ла Лига, убедливо најмалку трчаат во просек по натпревар, само 83.46 км. Тие се на табелата убедливо на последното место. Барселона е втора со истрчани 104.64 или повеќе од 20 км во просек од Реал Мадрид. Ова треба да го знаат сите во Реал. Кога ќе почнат да трчаат како каталонците тогаш ќе биде ОК, дотогаш ќе си губат од Барса. Ова е трета сезона во низа во која не и можат ништо на Барселона. Се чини дека уште во септември ја загубија битката за титулата сезонава во Ла Лига, третпат по ред.

