Еве што си кажаа Енрике и Компани откако нивните екипи го одиграа најдобриот меч во историјата!(ВИДЕО)

29.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве што си кажаа Енрике и Компани откако нивните екипи го одиграа најдобриот меч во историјата!(ВИДЕО)
ФОТО:printscreen

Синоќа во Париз, во 1/2 финалето во ЛШ екипите на ПСЖ и Баерн Минхен одиграа епски меч, веројатно најдобриот во историјата на фудбалот. Постигнати беа 9 гола во победата од 5-4 на „Паркот на принцовите“ за домашниот состав.

Луис Енрике, тренерот на домашниот тим, беше на аут-линијата за да им даде инструкции на своите ученици, а оној на Баварците – Винсент Компани, беше на трибините, отслужувајќи суспензија по четвртфиналето против Реал Мадрид.

По натпреварот, Компани и Енрике имаа своја конверација, додека Шпанецот даваше интервју. Гледајќи го Белгиецот, Енрике го поздрави, но и го праша:

Го гледаше мечот од трибината! Дали ви се допадна?“. На Компани му се допадна шегата, кој беше искрен и едноставно одговори:

Не!“, со насмевка на лицето.

Моментот помеѓу двајцата тренери доби огромна популарност, покажувајќи дека може да има колегијалност помеѓу тренерите дури и по толку драматичен натпревар како оној во кој ПСЖ го победи Баерн Минхен со 5:4 во првото полуфинале од Лигата на шампионите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата