Еве што го чека Алварез пред тренинг-кампот на Атлетико Мадрид!(ФОТО)

21.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве што го чека Алварез пред тренинг-кампот на Атлетико Мадрид!(ФОТО)
ФОТО: La Liga/FB

Хулијан Алварез се најде во центарот на вниманието откако се појавија нови информации за неговата иднина во Атлетико Мадрид, а ситуацијата меѓу аргентинскиот напаѓач и клубот очигледно станува е сè потензична. Пред тренинг центарот на мадридскиот клуб утрово беше поставен знак за Алварез. Пораката не оставаше многу простор за толкување, а содржината беше кратка и многу јасна.
Пораката гласеше:

Хулијан, оди си!“ Заедно со текстот, имаше и симболи на вкрстениот број 19 што го носи, што дополнително ја нагласуваше пораката упатена до аргентинскиот репрезентативец.
Овој потег доаѓа во време кога се повеќе се зборува за можното заминување на Алварез од Мадрид. Во последните недели, Барселона се поврзуваше со неговото доведување, а интересот на каталонскиот гигант дополнително ја комплицираше ситуацијата. Според информациите што се појавија, Алварез сакал да изнуди трансфер во Барселона. Аргентинецот наводно бил заинтересиран за можноста за преселба на Камп Ноу, но Атлетико Мадрид не е подготвен да му ја отвори вратата за излез. Мадридскиот клуб нема намера да се откаже од еден од своите најважни играчи туку-така. Алварез беше доведен како големо засилување и клубот сè уште го смета за фудбалер околу кого може да се гради иднината на тимот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата