Енрике: Дембеле ја помина најдобрата школа – тоа е Барселона!

19.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Енрике: Дембеле ја помина најдобрата школа – тоа е Барселона!
ФОТО: FC PSG/FB

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го пофали Усман Дембеле по неговиот одличен настап во победата против Стразбур.

Шпанецот истакна дека фудбалското образование на Французинот во Барселона било клучен фактор за неговиот успех. Крилниот напаѓач влезе од клупата за резервни играчи и помогна ПСЖ да слави со 3:1 против Стразбур, покажувајќи тактичка интелигенција за која неговиот тренер верува дека ја изградил на „Камп Ноу“.

Енрике посебно сакаше да го истакне фудбалското искуство на Дембеле, односно периодот што го помина во Каталонија.

Според тренерот на ПСЖ, крилниот напаѓач директно на искуството во Барселона ѝ ја должи способноста да ја чита играта и да се приспособува на различните тактички барања.

„Тој беше во најдобрата фудбалска школа, а тоа е Барселона. Веќе знаеше сè кога станува збор за начинот на игра. Секогаш кога имате можност да видите играч од Барса, забележувате дека тој се приспособува на она што го сакам во фудбалот. Совршено разбира кога треба да биде широко поставен на крилото, а кога да се движи кон средината. Разбирањето на играта е клучно за нас, а кога имате играчи кои веќе го поседуваат тоа искуство, тогаш работите за нас се сосема поинакви“, објасни Енрике.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата