Ендрик размислува за нова позајмица, овој пат во Астон Вила

7.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ендрик размислува за нова позајмица, овој пат во Астон Вила
ФОТО:Screenshot

Бразилскиот напаѓач Ендрик сериозно размислува да го напушти Реал Мадрид на позајмица во јануарскиот преоден рок. Причината е ограничената минутажа, бидејќи 20-годишниот фудбалер сезонава има одиграно само четири минути во Ла Лига.

Според „Ла Сер“, главен фаворит за неговиот потпис е Астон Вила, која може да му понуди настапи во Лигата на шампионите. Интерес за Ендрик постои и од Рома, која исто така сака да го ангажира на позајмица.

Бразилецот минатата сезона беше на позајмица во Лион, каде што имаше значително поголема минутажа и постигна осум гола во 21 настап.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата