Елмас и Торино со гол од пенал спасија бод против Венеција

2.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Елмас и Торино со гол од пенал спасија бод против Венеција

Елиф Елмас и Торино вечерва на домашен терен одиграа без победник, 1:1 на дуелот со Венеција на стартот од 35-то коло од италијанската Серија А.

Гостите имаа предност во Торино, но во Венеција се враќаат со еден бод, што многу ќе им помогне во борба за опстанок. По нерешениот резултат, Торино е десетти на табелата со 44 бода, додека Венеција е прва „под линијата“ со 26, еден бод помалку од „безбедниот“ Лече.

Венеција поведе во 36-тата минута со голот на Шпанецот Кике Перез, а Хрватот Никола Влашиќ го постигна голот за реми на домашната екипа од пенал. Елмас беше стартер за Торино и го одигра комплетниот меч.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата