Џенова сигурна против Торино

22.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џенова сигурна против Торино

Во првиот дуел од денешната Серија, А програма, тимот на Џенова на свој терен успеа да слави убедливо со 3:0 во дуелот против екипата на Торино.

Овој дуел имаше само една насока, затоа што во 21. минута домашните преку Нортин Кафи дојдоа до водство, за да во 40. минута Џенова веќе има 2:0. Стрелец Екубан. Во последната минута од првиот дел Илгхан доби директен црвен картон, па гостите покрај негативата од тој момент имаа и играч помалку.

Во вториот дел Торино немаше сила за ништо повеќе, па домаќинот рутински го доведе мечот до крај. Во 88. минута  Жуниор Месиас ги постави конечните 3:0 на овој меч.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата