Џеко се враќа во Италија и ќе игра за Фиорентина

16.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џеко се враќа во Италија и ќе игра за Фиорентина

Иако во зрели играчки години, Един Џеко и натаму е дел од врвниот светски фудбал. Наместо полека да се сели на Блискиот исток или пак на некоја друга егзотична дестинација, босанецот се враќа во Серија А.

И тоа не било каде туку во тимот на Фиорентина, чиј што тренер Стефано Пиоли инсистирал на ангажирањето на искусниот стрелец.

Џеко потпишува едногодишен договор вреден два милиони евра, и ќе биде поддршка за Моисе Кин кој би требало да има главна напаѓачка улога во тимот.

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата