Баерн (М) извади само реми на домашен терен против екипата на Мајнц иако имаше комплетна доминација, но до 86. Минута беше во негатива од 1:2. На крајот со голот од пенал на Кејн шампионите извадија реми во меч во кој имаа 85% посед на топка и 12 шутеви кон голот на противникот.
Домашниот тим успеа да ја искористи теренската иницијатива и поведе во 29-тата минута со голот на младата ѕвезда на тимот Карл. До крајот на полувремето о дпрвата шанса Мајнц израмни со голот на Потулски.
Целосен шок, Мајнц приреди со голот на Ли Џе Сунг за 1:2 во вториот дел, па домашните притискаа се до крјаот на мечот, кога добија пенал кој Кејн го претвори во израмнување.
Баерн имаше уште околу десет минути до крајот за целосно да го сврти резултатот, но Мајнц се бранеше со сите расположиви сили и освои бод.

