Родриго најверојатно во јуни си оди од Реал Мадрид, барем така пренесуваат медиумите во Шпанија, па и оние кои се блиски ди “кралевите“. Иако важи за една од најголемите ѕвезди во клубот сепак тој оправдано се чувствува потценет и според него најдобро за него би било да оди таму каде што повеќе ќе почитуваат.
Родриго смета дека во Реал Мадрид се се врти околу Мбапе, Винисиус и Белингем а тој е ставен во втор план, токму затоа решен е, иако има договор до 2028, да си оди од “Сантијаго Бернабеу“.
Јасно е дека за него и тоа како ќе има понуди, а Манчестер Ситие подготвен да понуди околу 100 милиони евра за бразлскиот репрезентативен напаѓач, понуда која Реал Мадрид би ја прифатил ако се знае дека фокусот на новиот тренер на “кралевите“, веројатно Чаби Алонсо, ќе биде да се доведе Флоријан Вирц.