Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа против Њукасл на „Олд Трафорд“ со 1:0 во натпреварот од 18-тото коло од англиската Премиер лига.
Тимот на Рубен Аморим конечно победи дома по два месеци, а натпреварот го одбележа одличниот гол на Патрик Доргу, кој многу потсети на голот на Зинедин Зидан во финалето на Лигата на шампионите во 2001 година против Баер Леверкузен.
Во 24-тата минута Патрик Доргу мајсторски го чекаше одбиениот удар по корнерот и во стилот на Зинедин Зидан со волеј ја погоди мрежата на немоќниот Рамсдејл.
Со вечерашниот триумф, Манчестер Јунајтед се искачи на петтата позиција на табелата во Премиер лигата со 29 бода, додека Њукасл е 11-ти со 23.

