Доминација: Африка го доби својот прв учесник на Светското првенство

6.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доминација: Африка го доби својот прв учесник на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Мароко во голем стил се пласираше на Светското првенство во САД, Мексико и Канада наредната година, откако ја совлада селекцијата на Нигер во рамките на групата Е, со резултат 5:0 и математички го обезбеди пласманот на најголемото натпреварување.

Мароко по шест натпревари во групата има шест победи и гол-разлика 19:2.

Стрелци за Мароканците беа Исмаел Саибари, двапати (во 29. и 38. минута), Ајуб Ел Каби (50’), Хамза Игамане (68’) и Азедин Унахи (84’).

Мароканците на овој начин обезбедија пласман на свое трето последователно Светско првенство, вкупно седмо.

Првпат репрезентацијата на оваа северноафриканска земја настапи на Мундијал во 1984 година во Мексико, а со текот на годините стекна статус на една од најдобрите африкански селекции. Најголемиот успех го постигна на претходниот турнир – со пласман во полуфиналето.

Пред Мундијалот, Мароканците ги очекува настап на Африканскиот куп на нации, во декември и јануари, на кој ќе бидат домаќини. Мароко ќе биде еден од фаворитите за освојување на титулата шампион на Африка, која ја имаат освоено само еднаш досега – пред 50 години.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата