Додека Пандев дојде за Македонија, ти остана во Наполи за најважниот меч на Косово

15.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Додека Пандев дојде за Македонија, ти остана во Наполи за најважниот меч на Косово

Амир Рахмани ја повлече лавината на Косово и најави дека нема да игра за оваа селекција се додека на чело на федерацијата се лица предводени од претседателот Агим Адеми. Фудбалерот на Наполи и капитен на националниот тим на нашиот сосед ја доби подршката и од други играчи како Жегова (Лил), Муричи (Фенербахче), Рашица (Бешикташ), Мурич (Ипсвич), Муслија (Фрајбург) и уште еден познат играч чие име ќе биде познато деновиве.

Сите тие најавија бојкот на националниот тим пред стартот од новото издание од Лигата на нации. Сепак има и такви медиуми кои жестоко распалија по капитенот Рахмани и го вратија филмот многу години наназад кога се играа баражите токму од Лигата на нации за пласман на ЕП и дуелот во Скопје.

„Каде беше да играш за Косово на најважниот натпревар во историјата на нашата репрезентација!?“, го прашуваат од медиумот „ЛигСпорт“, Рахмани по неговата одлука за бојкот.

„Во тоа време одлучи да останеш во Наполи и да ги почитуваш препораките на клубот во времето на Ковид19. За разлика од тебе, Горан Пандев кој во тоа време играше во Џенова најде начин и беше дел од Македонија. Протоколите во Џенова беа поригорозни од оние кај тебе во Наполи. Но, ти не дојде… Иако и нашата федерација ги превзема истите чекори како и Македонија за Пандев кога станува збор за барањето играчите да дојдат да играат за своите репрезентации во тоа време. Дали можеби очекуваше приватен авион да дојде по тебе!?“, велат новинарите од Приштина кон нивниот капитен Рахмани.

Медиумите се потсетуваат на тој меч во Скопје на кој Македонија славеше со 2:1, а потоа преку Грузија стигна до историскиот пласман на ЕП 2020. Дури и го споменуваат тогашниот нивни селектор кој исто така на прес конференција прашал како е можно Пандев да дојде и да игра за Македонија, но не и Рахмани, иако и двајцата настапуваа во Италија.

Сепак и Горан Пандев како и Рахмани во дел од својата фудбалска кариера беше незадоволен од раководството на ФФМ и во еден интервал не настапуваше за Македонија. Таквата одлука се промени кога Игор Ангеловски стана селектор по што Пандев се врати во националниот тим и потоа се е историја на пласман на ЕП, победа над Германија, бараж за СП…

Убави времиња кои се надеваме дека повторно ќе ги имаме и ќе ги гледаме…


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата