Голема криза и тектонски земјотрес ја потресуваат фудбалска селекција на Косово пред претстојните натпревари во Лигата на нации!
Селекторот Франко Фода се соочи со необична ситуација бидејќи дури седум клучни репрезентативци официјално одбија да го носат дресот и да настапат во следниот циклус, се додека на чело на ФС на Косово е Агим Адеми! Прв што јавно ја објави својата одлука да се повлече од репрезентацијата беше капитенот и главен столб на одбраната, Амир Рахмани. Тој јасно ѝ кажа на јавноста дека повеќе да не се смета на него сè додека Агим Адеми е на водечката позиција во Асоцијацијата. Потоа следуваа отказите на Едон Жегрова, Флорент Муслија, Аријанет Муриќ, Милот Рашица, Ведат Муриќи, како и седмиот играч (чиј идентитет сè уште не е официјално објавен).
Заедничката порака на целата група е непоколеблива:
„Не сакаме да играме сè додека Агим Адеми не ја напушти функцијата претседател на Фудбалската асоцијација“. Проблемот што со години тлееше под површината сега ескалираше до точка од која нема враќање. Првиот човек на ФС, Агим Адеми, во моментов не покажува никаква намера да се повлече, што го става тренерот Франк Фода во безизлезна ситуација.

