Цела Босна е во еуфорија, затоа што утре на дуелот на нивната фудбалска репрезентација на домашен терен против селекцијата на Шведска, во рамките од новото коло од Лигата на Нациите, нивната легенда Един Џеко ќе се простува од националниот дрес.
Се е подготвено за спектакл, и сите сакаат со некаков потег да му оддадат чест на најдобриот босански фудбалер на сите времиња.
Па така, здружението на сараевски ќебапчилници, одлучи во текот на утрешниот ден, стандарната порција „десетка“ ќебапи, за се служи како „единаесетка“, во чест на Един Џеко и неговиот легендарен број единаесет во националниот дрес на Босна.
„Затоа што Един не беше само бројот 11. Тој беше човек со кого славевме, тагувавме, верувавме и се гордеевме. Неговите голови, натпревари и победи, но и начинот на кој ја претставуваше Босна и Херцеговина, оставија трага што тешко ќе се повтори. Токму затоа сакавме да создадеме нешто што е наше, сараевско и едноставно. Нешто што му припаѓа на градот каде што ќебапот се јаде со посебна љубов и каде што за големите луѓе секогаш се зборува, со половина лепиња, кромид и чаша муабет“, велат од Здружението на сараевските ќебапчии.

