Денес се одлучува судбината на Мајкл Керик

26.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денес се одлучува судбината на Мајкл Керик

Менаџментот на Манчестер Јунајтед во текот на денешниот ден ќе има итен состанок на кој што ќе се одлучува околу судбината на актуелниот менаџер, Мајкл Керик.

Ситуацијата на Олд Трафорд е алармантна, а „чашата ја прелива“ викенд поразот на домашен терен од Борнмут од 0:3.

Оваа катастрофа само го дополни негативниот набој кон се што се случува во клубот во моментов, и решение, односно промена едноставно мора да има.

Керик е на излезна врата, тоа е дефинтивно и треба да се случи чудо тој да остане менаџер. Се шпекулира со многу имиња како негова замена, но фаворит сеуште нема.

А и доколку денеска Керик, преживее што се вели и биде оставен на позицијата тоа секако ќе биде со некаков ултиматум. Да бидат добиени следните мечеви, кои што пак за негова несреќа се со исклучително тешки противници, како Баерн Минхен, Ливерпул, Астон Вила….


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата