Деко: Интер не сакаше да преговара за Лаутаро

24.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Деко: Интер не сакаше да преговара за Лаутаро

Барселона во летниот преоден рок имаше сериозен интерес за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, но трансферот не се реализирал поради ставот на италијанскиот клуб. Спортскиот директор на каталонскиот гигант, Деко, потврди дека Аргентинецот бил меѓу фудбалерите кои Барселона ги разгледувала како засилувања.

Според Деко, Барселона директно разговарала со раководството на Интер, но добила јасен одговор дека Мартинез не е достапен за трансфер. По таквата одлука, каталонскиот клуб решил да не продолжува со преговорите, ниту пак да контактира со самиот фудбалер или неговиот агент.

Деко воедно потврди дека Лаутаро и понатаму е високо ценет во Барселона и дека станува збор за фудбалер кој според квалитетите одговара на профилот на клубот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата