Судот за спортска арбитража (CAS) по предметот околу шампионот на Африканскиот куп на нации 2025 одлучи во полза на Сенегал, и оваа репрезентација сега и официјално е освојувач на трофејот.
Оваа сага, околу шампионот на „црниот континент“ трае извесен период, уште од самото одигрување на финалето против Мароко, и онаа контраверзна завршница на мечот.
Сенегал ја освои титулата но потоа истата му беше одземена од жалбената комисија на Афричката фудбалска конфедерација, која што истата му ја додели на Мароко.
Следуваше правна битка која што стигна до Швајцарија и CAS, кој што ете одлучи конечно во полза на Сенегал.

