Шампионот на ПЛ спрема нов трансфер кој ќе биде „бум“ ако се реализира. По повеќе од 20 години чекање, Арсенал конечно успеа да ја освои титулата шампион на Англија минатата сезона, а Микел Артета веќе си постави нова цел за следната сезона.
Целта на “Топџиите“ ќе биде трофејот од Лигата на шампионите, до кој беа исклучително блиску и минатата сезона, бидејќи играа во финалето, но не успеаја да го освојат ова натпреварување против ПСЖ.
Артета веднаш им кажа на челниците на клубот дека му се потребни нови засилувања и тие му излегоа во пресрет со буџетот, па Арсенал донесе неколку звучни засилувања во тековниот дел од летниот преоден рок. Иако почетокот на новата сезона е многу блиску, се чини дека трансфер – пазарот не е завршен.
Англиските медиуми наведуваат дека целта на Артета е да ја засили одбраната и да доведе нов стопер кој може да игра и десен бек доколку е потребно, а веќе е јасно кој би бил идеалното решение за лондонскиот клуб.
Како што најави Фабрицио Романо, прв на листата на желби на Арсенал е францускиот репрезентативец Жил Кунде, кого го гледаат како совршено засилување за одбраната, и ќе се обидат да ја доведат ѕвездата на Барселона.
Наводно, „Топџиите“ веќе стапиле во контакт со неговите претставници, но засега немало разговори со челниците на Барселона. Кунде е голема желба на Артета и челниците на Арсенал, и ќе се обидат да направат чудо на самиот крај од преодниот рок и да го доведат Французинот во Лондон. Се очекува дека Арсенал би можел да понуди околу 60 милиони евра за овој 27-годишник.
sportmedia.mk

