Фудбалерите на Брајтон и Бормут одиграа возбудлив натпревар кој заврши со резултат 1:1 и го затворија 22-то коло во Премиер Лигата. Домашните фудбалери избегнаа пораз во судиското продолжение и ја продолжија низата од 3 меча без пораз.
Таверние донесе водство за гостите во 32-та минута преку пенал и со тој резултат двете екипи заминаа на одмор. Во вториот дел двата тима беа рамноправни и натпреварот можеше да отиде во двете насоки. Сепак, во 92-та минута Костулас постигна спектакуларен гол со „ножички“ и донесе изедначување и голема радост на навивачите на домашниот тим.
Со ова реми Брајтон останува на 12-тото место со 30 бода, а Бормут се наоѓа 3 места подолу со само 3 бода помалку од вечерашните ривали.

