“Бомба“: ПСЖ нуди 200 милиони евра за ѕвездата на Реал!

12.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Бомба“: ПСЖ нуди 200 милиони евра за ѕвездата на Реал!
ФОТО: PSG - Paris Saint-Germain/FB

Турците синоќа предизвикаа вистински земјотрес во Мадрид. Според турскиот портал „Ајанспор“, Арда Ѓулер ја одбил понудата на Реал Мадрид за нов договор, а дека ПСЖ се приклучил на целата приказна со нереална понуда. Арда Ѓулер експлодираше во Реал Мадрид оваа сезона. Феноменалниот турски фудбалер го зеде тимот под свое крило и пружа навистина неверојатни игри.
За Жозе Мурињо нема дилема. Тој е незаменлив во тимот, па затоа клубот одлучи да му понуди континуирана соработка.
На маса е понуда од осум милиони евра годишно и договор до 2031 година. Шпанските медиуми во претходните денови објавија дека сè е многу блиску до реализација. Сепак, Турците синоќа предизвикаа вистински земјотрес. Порталот „Ајанспор“ ја објави информацијата дека Арда ја одбил понудата на кралскиот клуб.
Наводно, причината е ПСЖ. Според информациите што ги „сервираа“, Парижаните подготвуваат исклучително амбициозен обид да го доведат. Францускиот гигант наводно е подготвен да понуди дури 200 милиони евра на Реал Мадрид, додека Ѓулер би добивал годишна плата од 22 милиони евра. Ваквите услови не можат да се отфрлат. Сепак, целата приказна треба да се сфати со резерва. Нема официјална потврда дека Гулер ја одбил понудата на Реал, ниту дека ПСЖ всушност испратил понуда од 200 милиони евра.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата