„Бомба“ од Мадрид: Реал го пушта Мбапе, ја одреди и цената! Ливерпул на готовс

8.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Бомба“ од Мадрид: Реал го пушта Мбапе, ја одреди и цената! Ливерпул на готовс
ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

Се чини дека толку беше љубовта меѓу Реал Мадрид и Килијан Мбапе. Откако неофицијално Французинот изрази желба да се оди од “Сантијаго Бернабеу“, попладнево “бомба“ од Мадрид. Раководството на “кралевите“ нема ништо против тој да си оди, но за да дојде до трансфер во некој клуб, не се размислува за сума помалку од 200 милиони евра.

Дали во зимскиот преоден рок или во јуни, Мбапе ќе се пресели во Премиерлигата, што било негова желба, останува да се види. Се шпекулира дека најблиску е до Ливерпул и дека гигантот од Островот не би имал проблем да ги плати тие пари.

Се напоменува дека како што Мбапе бил разочаран од Реал, така и самиот клуб бил разочаран од него.

И дефинитивно како да не може без проблеми откако Мбапе во Реал Мадрид, а ова е негова трета сезона на “Сантијаго Бернабеу“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата